Подготвката е многу едноставна и брза, без печење. Наместо јагоди можете да користите било кое сезонско овошје. Само добро изладете го колачот и уживајте во неговиот вкус.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 3 пудинг со вкус на ванила, 300 г бисквити, 9 лажици шеќер, 150 г путер или маргарин, 200 г бело чоколадо, 500 г јагоди или друго овошје и 1 лимон – сок (по желба)

За глазура: 150 г црно чоколадо, 150 г слатка павлака или 200 г шлаг изматено според упатството или 200 мл слатка павлака и 6 јагоди за декорација. Се користи калап или плех со димензија 30х20 см

Постапка: издвојте малку млеко и во него промешајте девет лажици шеќер и прашок за пудинг, да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган.

Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и сварете го на тивок оган со постојано мешање. Во врелиот пудинг ставете 150 г путер или маргарин, добро промешајте додека да се растопи и соедини.

Потоа додајте и 200 г исечкано бело чоколадо, па добро промешајте додека и тоа да се растопи и соедини.

Додека сè уште е топол пудингот, во него додајте кршени 300 г биксвити. Може да користите било какви кекси. Откако убаво ќе ја промешате смесата оставете ја да се олади.

Половина килограм јагоди измијте ги, исчистете ги од петелките и исечкајте ги на ленти, па прелијте ги со лимонов сок за да не потемнат.

Потоа со решеткаста лажица вадете ги (за да се исцеди сокот кој го испуштиле, и ставајте ги во смесата од пудинг и кекси. Промешајте.

Смесата излејте ја во калап 30х20 см претходно обложен со проѕирна фолија. Ставете го колачот во фрижидер најмалку неколку часови или преку цела ноќ за добро да се стегне (или во замрзнувач еден час).

Глазура: 150 црно чоколадо ситно исечкајте го и прелијте го со загреана слатка павлака. Промешајте додека да се растопи и соедини. Прелијте преку колачот и декорирајте со јагоди. Деталите од постапката можете да ја погледнете во видеото: