Брзо се прави, па затоа е одличен за овие горештини.

Потребни состојки: 5 јајца, 250 г шеќер, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 240 г брашно, 1 прашок за печиво, кајсии или некое друго овошје и шеќер во прав за наросување

Постапка: Изматете ги пенасто белките со постепено додавање на шеќерот. Додадете жолчки и продолжете го матењето додека целиот шеќер да се растопи и смесата да се удвои.

Додадете јогурт и масло и само малку измешајте со миксер на најмала брзина. Исклучете го миксерот. Просејте го брашното и прашокот за печиво, па внимателно измешајте го со јајцата, да остане смесата воздушеста. Мешањето се прави со лажица.

Плех 20х30 обложете го со хартија за печење, па излејте ја смесата. Одозгора наредете измиени и исчистени од семки кајсии.

Печете на 180 степени околу 20 минути или во зависност од вашата рерна. Најдобро е да проверите со чепкалка. Изладениот колач исечете го и наросете го со шеќер во прав.