Фото и рецепт на Ленче Гогова: брз колач.

Рецептот за овој вкусен колач со какао ни го претстави нашата драга членка Ленче Гогова во групата НМД рецепти. Колачот се приготвува многу брзо и едноставно, пробајте го!

Потребни состојки:

2 јајца
250 г шеќер
150 г омекнат путер/маргарин
200 мл јогурт
100 мл млеко
250 г брашно
40 г какао
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
џем за премачкување
чоколадна глазура: 100 г чоколадо
4 лажици масло

Постапка:

Во подлабок сад за матење пенасто изработете ги двете јајца со 250 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Матете со миксер додека шеќерот да се растопи и јајцата да побелат и згуснат.

Во смесата додадете 150 г омекнат путер, една чаша јогурт и половина чаша млеко, па убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Во посебен сад промешајте ги сувите состојки: просеано брашно со прашок за печиво и 40 г какао во прав. Сувите состојки постепено додавајте ги во смесата со јајца и мешајте со лажица или шпатула додека да добиете хомогена и компактна смеса.

Приготвената смеса излејте ја во калап или плех со средна величина, претходно намастен и наросен со брашно (вишокот брашно изтресете го). Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути (проверете со чепкалка).

Додека е топол печениот колач одозгора премачкајте го со неколку лажици џем или мармалад по ваш избор. Додека колачот се лади на страна, пригответе ја чоколадната глазура.

Сто грама чоколадо за готвење искршете го на коцки, па заедно со 4 лажици масло растопете го на тивок оган. Кога ќе се изедначи, чоколадната глазура прелијте врз колачот и израмнете. Оставете го колачот да излади, па сете го на коцки и сладете се.

Фото и рецепт на Ленче Гогова