БРЗ КОЛАЧ СО ВКУС НА БАКЛАВА…РАВАНИЈА…Сочен и многу вкусен, се топи во уста…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 4 јајца, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 250 г гриз, 200 г мелени ореви, 50 г сечкани ореви, 1 чаша кисело млеко (180 г) и 1 прашок за печиво. За шербет: 500 г шеќер, 2 чаши вода (400 мл)
Постапка: јајцата пенасто изматете ги со миксер, а 150 грама шеќер постепено додавајте додека миксате. Додајте ванилин шеќер и прашок за печиво, па продолжете со миксење.
Потоа додајте го киселото млеко, 250 г гриз и убаво со лажица промешајте да се изедначат состојките. Потоа додајте ги оревите и уште еднаш промешајте за да се измешаат рамномерно.
Смесата излејте ја во калап со средна големина претходно малку намастен и ставете да се пече 20-25 минути на 200 степени.
За шербет: 500 г шеќер со 2 чаши вода ставете на оган и мешајте додека да се растопи шеќерот и да се добие сируп. Додајте и неколку трклаца лимон.
Печениот колач избоцкајте го со чепкалка и исечете го на ромбови. Ладниот колач прелијте го со врел шербет и оставете да се впие. На здравје сладење! Сите детали околу постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.