Home посни колачи Брз и здрав десерт со 3 состојки готов за 5 минути

Брз и здрав десерт со 3 состојки готов за 5 минути

Здрав десерт со три состојки готов за пет минути

Овој брз и хранлив десерт е совршен избор за оние кои сакаат вкусно уживање без додаден шеќер.

Со само три состојки и минимално време за подготовка, овие топчиња се богати со природни вкусови, влакна, витамини и минерали, што ги прави идеални за здрава ужина или лесен десерт, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 100 г индиски ореви (сирови и несолени)
– 70 г урми
– 200 г суви кајсии
– НМД

Постапката опишана во детали преку фотографии и видео прилог можете да ја погледнете ОВДЕ:

Брз и многу здрав десерт без шеќер кој се приготвува за 5 минути од само 3 состојки

1. Индиските ореви ставете ги во сува тава и тостирајте ги на умерена температура со постојано мешање додека да добијат пријатна арома. Оставете ги да се изладат.

2. Изладените индиски ореви сомелете ги во блендер до ситна текстура и префрлете ги во длабок сад.

3. Урмите исчистете ги од семките, а сувите кајсии исечкајте ги на помали парчиња. Ставете ги во блендер и мелете додека да се добие ситна и леплива смеса. По потреба, користете неколку кратки пулсирања за да се олесни мелењето.

4. Смеленото суво овошје додајте го во садот со индиските ореви. Смесата измешајте ја со лажица или, за подобра хомогеност, замесете ја со раце додека да се добие компактна маса погодна за обликување.

5. Земете мали делови од смесата и формирајте топчиња со дланките. По желба, топчињата валкајте ги во мелени ореви, лешници, кокос или нешто друго по ваш вкус.

Овие десерт-топчиња се подготвуваат брзо и лесно, а нивниот природен вкус и хранлива вредност ги прават одличен избор за секоја прилика. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=nfkcxEfmqpY