Леб за сите генерации, најлесниот начин за правење кој никогаш ме нема изневерено. Брзо, практично и многу вкусно. Овој леб има поинаква форма, малку личи на погача, но е многу мек и лесен како класичниот што го купуваме од продавница.




Рецептот е прилагоден за да може секој ден да го правите, а тоа да не ви одземе многу време, ниту материјали. Од само неколку состојки кои се мерат со чаша, за кратко време на масата ќе имате топло лепче кое веднаш ќе се изеде. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 480 г брашно (4 чаши), 90 мл топло млеко (1 помала чаша), 200 мл топла вода (1 чаша), 1 голема лажица гранулиран шеќер (20 г), 1 голема лажица сув квасец (неполна, 10 г), 2 големи лажици масло (20 мл), 1 жолчка за премачкување.




Чашата за мерка е 200 мл, а помалата е 90 мл, чајна чаша. ПОСТАПКА: во еден сад ставете ја водата, млакото млеко (отстојано 1 чаш на собна температура) и маслото. Измешајте ги течните состојки, а веднаш потоа започнете да ги додавате сувите.




Издвојте 4 лажици брашно од вкупната количина и додајте ги заедно со квасецот и измешајте со жица/маталка до соединување на квасецот. Веднаш потоа започнете да го додавате останатото брашно и на крајот ставете го шеќерот. Измешајте ги лесно состојките додека да почне да се формира тесто.




Кога смесата веќе нема да може да се меша со маталка и ќе почне да се лепи на шпатулата, преминете на месење со раце и формирајте меко, фино и нелепливо тесто во садот каде што првично ги додававте состојките. Завиткајте го садот во алиминиумска фолија и оставете го на топло место за тестото да стасува околу 45 минути.




Тестото треба двојно да ја удвои количината, а веднаш потоа префрлете го на рамна набрашнета површина. Со помош на оклагија формирајте го тестото во тенок круг и развлечете го што е можно повеќе. По потреба, привремено наросувајте брашно за да не ви лепи.




Во едно поголемо тенко тавче, или специјален огноотпоред сад што личи на тавче, само без долгиот држач, намастете го со масло, да нема премногу, туку само да се намасти. Тестото развлечете го во големина на тавчето, па веднаш пред да го ставите преклопете го на половина, а во тавчето исправете го и убаво израмнете го со прстите.




Покријте го со алуминиумска фолија и оставете да нарасне уште 20 минути. Тестото расте толку многу што ќе личи како да ќе се излее од тавчето. Пред да го ставите на печење, премачкајте го со една жолчка и со помош на виљушка направете вдлабнатини на неколку места, со косината на запците, не со врвовите.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20-25 минути во зависност од јачината на рерната. Веднаш потоа извадете го од рерна и оставете да се олади, па послужете го додека е топло. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.