Мекици со газирана вода и мајонез
Ви претставуваме уникатен рецепт за меки и вкусни мекици, приготвени со невообичаена комбинација на состојки што даваат посебна текстура и арома.
Овој едноставен, но ефектен рецепт е идеален за секоја пригода, од семејни собири до брзи закуски. Следете ги чекорите и уживајте во подготвувањето на овие необични мекици, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 450 г брашно
– 0,5 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер
– 200 мл топла газирана вода
– 3 лажици мајонез
– 1 јајце на собна Т
– 3 лажици растително масло
– НМД

Постапка:
1. Во подлабок сад измешајте го брашното, солта и шеќерот.
2. Додајте ја топлата газирана вода, мајонезот, јајцето и растителното масло.
3. Месете го тестото додека да се добие хомогена и мека смеса.
4. Покријте го тестото и оставете го да отстои 30 минути на собна температура.
5. По отстојувањето, поделете го тестото на 8 еднакви делови и формирајте топчиња. Потоа развлечете ги во тенки кори.
6. Загрејте растително масло во тава на средна температура.
7. Пржете ги мекиците од двете страни додека да добијат златнокафеава боја.
8. Послужете ги топли, по желба со прилог или намаз.
Уживајте во овие вкусни мекици што ќе ги воодушеват сите со својата едноставност и уникатен вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































