Божиќни колачиња со малини…Ми требаше 15 минути да ги направам, едноставни и многу вкусни, се јадат во еден залак…

Божиќните колачиња се најубавата декорација во металните украсни кутии и често се даваат како божиќен или новогодишен подарок на кој сите се радуваат.

Направете си ги овие колачиња кои одземаат вкупно 15 минути, додека да ја подготвите смесата, а после уште малку време е потребно додека да се испечат.

Овие колачиња се познати под името „Снежни топки” или „Снегулки” токму поради нивниот облик и белата боја.

Постојат различни варијанти, некои ги подготвуваат со чоколадо, некои со суво овошје, а некои со мелени јатки (ореви, бадеми, лешници, пекани…). Секоја куќа си има свој традиционален рецепт кој се пренесувал низ генерации.

Понекогаш ги полнам со џем од малини, но најчесто ги правам со основното тесто, со бадеми или ореви, бидејќи го сакам вкусот на јатки. Вие одлучете како ќе ги направите, а можете и да експериментирате со нови вкусови.

Сите ги сакаат, особено дечињата, кои најмногу им се радуваат. Потребни ви се неколку состојки за да ги подготвите, а излегуваат навистина многу и се подготвуваат со мерки на чаша.

По вкусот можеби ќе ве потсетат на ванилиците или гурабиите. Потоа ќе се сладите со нив и ќе ги јадете во еден залак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 шолја омекнат путер (1 цел путер),
1/2 шолја шеќер во прав,
1 мала лажица ванилин екстракт,
1/4 лажица сол,
3/4 шолја мелени ореви/бадеми/пекани/лешници,
2,5 шолји брашно
и уште малку шеќер во прав за посипување на колачињата.
Користете една иста шолја како мерка, на пример од 200 мл.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

Божиќни колачиња: Ми требаше 15 минути да ги направам, едноставни и многу вкусни, се јадат во еден залак

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: