Чоколадната торта е една од најпосакуваните за Божиќ, особено кога завршуваат посните денови. Направете си ја оваа богата и боемска торта со многуслоен фил кој доминира на вкусот. Ќе ја направите за кратко време, а уште побрзо ќе ја изедете.




За оваа торта не ви се потребни јајца за да ја направите, основата е базирана на бисквити и на млеко, како и останатиот фил кој е чоколаден, но се става повеќе млеко. Оваа торта ќе ви стане омилена, ќе ви завидуваат сите кога ќе видат какво чудо сте направиле. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОСНОВАТА: 250 г чоколадни бисквити, 115 г Орео бисквити, 250 мл млеко, 35 мл масло, 10 г прашок за печиво. ЗА КРЕМ 1: 20 мл вода, 150 г шеќер, 30 г путер, 700 мл крем за готвење (150+200+350). ЗА КРЕМ 2: 200 г чоколадо, 10 г желатин, 20 мл вода. ЗА ГЛАЗУРА: 1 чоколадо за готвење, 130 мл крем за готвење.




ПОСТАПКА: За да ја подготвите основата, најпрво издробете ги чоколадните бисквити во блендер, па измелете ги орео колачињата и соединете ги двете суви состојки. Прелијте со 250 мл млеко на собна температура, на два наврати и соединете ја смесата додека да стане хомогена. Прелијте го маслото и на крајот додајте го прашокот за печиво, па повторно соединете.




Во еден кружен калап со средна големина, обложен со хартија за печење, излејте ја смесата, израмнете ја и испечете ја во рерна на 180 степени, околу 15-тина минути. Основата може да ја зготвите и на следниов начин: едно поголемо тавче ставете го на рингла, вклучена на средна кон висока температура. На средина ставете го калапот со смесата и одозгора покријте го тавчето со капак. На овој начин гответе 15 минути.




По печењето, кората се остава да се олади, па потоа се сече тенкиот површински дел кој е нерамномерен. Поделете ја кората на два еднакви делови, напречно. ЗА КРЕМ 1: Шеќерот и водата ставете ги на рингла, додека шеќерот да се растопи и шеќерот да се карамелизира. Гответе на ниска температура.




Кога шеќерот ќе ја промени својата боја и ќе стане течен и мазен, прелијте со 150 мл неутрален крем и полека мешајте со соединување на тивко. Кога ќе се формира убав крем, тргнете од рингла и додајте го путерот и измешајте додека да се растопи.

ЗА КРЕМ 2: На рингла растопете го чоколадото со 200 мл крем за готвење. Кога смесата ќе стане чоколадна тргнете од рингла, а настрана измиксајте 350 мл од неутралната павлака. Соединете ја чоколадната смеса со шлагот, а потоа додајте 10 г желатин, измешан и растопен со 20 мл вода.

ФИЛУВАЊЕ: Чоколадната смеса ставете ја во готварски шприц за филување. Во калапот со флексибилен обрач ставете ја првата кора и одозгора прелијте со половина од чоколадниот крем, во повеќе ленти. На средина прелијте со карамела кремот и одозгора ставете ја втората половина од чоколадниот крем. Одозгора ставете ја втората кора и нежно притиснете ја со прстите.

Направете ја глазурата од чоколадо, како вториот крем и излејте ја преку втората кора. Одозгора декорирајте со мелените остатоци од површината на кората кои првично ги исековте. Тортата изладете ја пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.