Home Рецепти БОМБИЦИ ЗА 10 МИНУТИ: Ако имате малку јаболка и ореви направете ги...

БОМБИЦИ ЗА 10 МИНУТИ: Ако имате малку јаболка и ореви направете ги овие вкусни колачиња

Овие бомбици се многу вкусни, лесни за правење и готови за многу брзо време. Не ви требаат многу состојки, а во вкусот ќе уживате. Понекогаш ги нарекувам лапни-голтни бидејќи ги јадеме и забораваме колку сме изеле. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг јаболка, 300 г шеќер, 120 г ореви, 150 г путер, 1 лажичка цимет, 500 г мелени бисквити, кокос.




ПОСТАПКА: Јаболката излупете ги, отстранете ја дршката и семките и потоа изрендајте ги на најкрупната страна од рендето во подлабок сад. Како што ќе ги лупите ќе се направи мазна смеса исполнета со сокот од јаболка кој го испуштиле.




<

Ставете ги јаболката во тенџере и на тивко вклучете ја ринглата да се запржат. Додајте го шеќерот, измешајте и оставете смесата да се готви додека да испари целата течност. Јаболката за ова време дополнително ќе омекнат и ќе почнат да го испуштаат својот убав мирис.




Настрана исечкајте ореви, не мора да ги сомелувате, повкусни се колачињата ако имаат ситни парчиња ореви. Во смесата од јаболка додајте го путерот и со мешање растопете го низ јаболката и шеќерот.




Се додава цимет (опционално), а потоа се додаваат и оревите. Се остава смесата да крчка уште неколку минути. Целата смеса убаво се соединува и се остава да олади настрана.




Земете бисквити и сомелете ги во блендер, а потоа оладената смеса ставете ја во нив. Убаво измешајте и направете компактна смеса од која е потребно да правите топчиња. Со лажиче кое ќе го користите како мерка, направете топчиња со приближно иста големина додека да го потрошите целиот материјал.




Топчињата треба да бидат добро стегнати, а на крајот се филуваат во кокос или во други мелени јатки по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.