Болоњезе сосот е базиран на месо во италијанската кујна, типичен за градот Болоња. Вообичаено се користи за прелив на таљатели ал сос и за подготовка на лазањи ала болоњезе. Италијанскиот сос ала болоњезе е бавно сварен сос, кој се базира на месо, а неговата подготовка вклучува неколку техники, вклучувајќи динстање и пржење.

Состојките вклучуваат карактеристично софрито од кромид, целер и морков, различни видови мелено или ситно сечкано говедско месо, често заедно со мали количества масно свинско месо. Се додава бело вино, млеко и мало количество доматна паста или домати, а садот потоа нежно се крчка долго за сосот да испадне густ.

Сите ние некогаш сме направиле шпагети болоњезе по некој наш рецепт или некој што сме го прочитале, но вкусот на вистинскиот италијански рагуа болоњезе е навистина специфичен. Мирисот а и вкусот опиваат, а јадењето просто е неодоливо. Пребогато е и не се прави за многу брзо време, но во вкусот ќе уживате. Еве што ви е потребно според рецептот на Александра:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г мелено јунешко месо, 250 г свинско месо, 100 г сланина, 50 г доматен концентрат, 50 г путер, 3 супени лажици маслиново масло, 1 чаша млеко, 1 чаша црно вино, 1 морков, 1 главица црвен кромид, 1 стапче целер, 1 говедска коцка за супа, 300 мл вода, сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА: На средноумерена температура растопете го путерот заедно со маслиновото масло, па кога ќе се загрее додајте го ситно сечканиот морков. Динстајте го додека да омекне, 5-10 минути. Потоа додајте ситно сечкан кромид и целер, промешајте и поклопете.

Оставете да се динста со повремено промешување додека сиот зеленчук да омекне, а кромидот да стане стаклест. За тоа време ситно исечкајте ја сланината и додајте ја да се динста. Потоа додајте го и мешаното мелено месо, па убаво промешајте да се изедначат состојките.

Динстајте со повремено промешување приближно половина лас. Додајте чаша црно вино и оставете да крчка на тивко дури да испари. Додајте го доматниот концентрат. Зачинете со сол и црн пипер, а настрана растворете една говедска коцка за супа во 300 мл вода.

Гответе 1.5 до 2 часа и постепено додавајте ја говедската супа. На крај додајте една чаша млеко. Млеко се додава според оригиналниот рецепт, но во последно време е исфрлено од рецептите и ретко кој го додава.

Добро промешајте и повторно посолете и запиперете по вкус, ако има потреба од тоа. Гответе уште 5 минути. Послужете со претходно сварени тестенини. Видеопрезентацијата на Александра можете да ја погледнете ОВДЕ.