Бисерни БАНАНА БОМБИЦИ – брзи, лесни и најважно многу вкусни

Рецепт и фото: Габриела Миленкоска

Рецептот за овие бисерни бомбици од банана ни го претстави нашата драга членка Габриела Миленкоска во групата НМД рецепти. Од госпоѓа Миленкоска научивме бројни други рецепти, како за солени, така и за благи печива.

Loading...

Меѓу останатите ќе ги споменеме прекрасните пити, мирисниот “од ролат до тригони”, варените ѓевречиња, зелник со спанаќ и урда, мусака со тиквички, парена торта со кокос, најбрзата гужвана пита, прекрасните шербет татлии, домашниот локум и многу, многу други рецепти.

Потребни состојки:

200 г бисквити
200 г шеќер во прав
100 г кокос
100 г ореви или лешници
2 банани

Постапка:

1.Бисквитите се мелат, а исто така и оревите или лешниците. Во подлабок сад се мелат/пасираат бананите.

2.Се додаваат мелените бисквити, шеќерот во прав, кокосот и мелените ореви или лешници, па се промешува убаво додека да се изедначи смесата.

3.За поубаво формирање на топчињата смесата можете кратко да ја оставите во фрижидер (не мора).

4.Од смесата формирајте топчиња со величина по ваша желба и веднаш валкајте ги во кокос/мелени бисквити или мелени ореви/лешници.

5.Вака формираните банана бомбици редете ги во чинија за сервирање или во специјални хартиени корпички.

Рецепт и фото: Габриела Миленкоска

Loading...