Чекор 1
Направете промена во вашата рутина при пиење вода. Сега, наместо ладна вода, почнете да пиете млака вода!
Почнете да ги броите чашите кои сте ги испиле и бидете сигурни дека во текот на денот сте испиле 3 литри, или околу 10-12 чаши млака вода.
Млаката вода го прави телото метаболички активно, што пак значи раздвижување на цревата и подобра перистралтика. Резултат на овие промени ќе биде намалување на килограмите.
Чекор 2
Вклучете природен пијалок кој ќе помогне во топење на маснотиите!
Потребни состојки:
1 лажица ленено семе
1 лажиче ким
20 грама свеж ѓумбир
Подготовка:
Состојките ставете ги во 1 литар зовриена вода, покријте со капак и тргнете од оган.
Оставете преку ноќта, а следниот ден процедете го чајот и пијте по една чаша пред појадок, ручек и вечера.
Овој напиток ќе ја намали желбата за мрсна и брза храна, а е корисен и помага при варењето на храната.
Чекор 3:
Механичка акција
Секаде каде што планирате да ги намалите масните наслаги (стомак, нозе, раце) ставете полиетиленска фолија (најлон за завиткување) и така преспијте.
На овој начин ќе ја зголемите температурата на овие делови од телото, што пак ќе придонесе за согорување на маснотиите.