Без оваа ЗИМНИЦА не ја чекам зимата…Летна салата во тегла…Си јадеме зимно време исто како во лето…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (количина за 3 тегли со средна големина):

1 кг домати (4 со средна големина)
1 голема краставица
4 пиперки
2 моркови
1 тиквичка
1 главица кромид (црвен)
5 чешниња лук
1 китка магдонос

За маринада:
100 мл масло
2 лажици сол
3 лажици шеќер
3 лажици бел оцет 9%

ПОСТАПКА:

1.Измиените и чисти тегли стерилизирајте ги 10 минути во загреана рерна на 100 степени.

2.Зеленчукот измијте го и исечкајте го на коцки или стапчиња, посипете сол и масло, па измешајте и оставете да отстои 15 минути.

3.Наполнете ги жешките тегли, добро притиснете и дополнете со течноста што ја испуштил зеленчукот.

4.Затворете ги теглите не премногу цврсто. Ставете ги во тенџере обложено со крпа и дополнете со вода до половина на теглите.

5.Од моментот на вриење варете ги теглите 30 минути на умерена температура. Кога малку ќе подизладат, отворете ги капаците и во секоја тегла сипете по 1 лажица шеќер и 1 лажица оцет.

6.Повторно затворете ги теглите (цврсто) и оставете ги да се оладат на темно и суво место. Постапката погледнете ја ОВДЕ.