Руската салата е прочуено јадење кое речиси секој човек го обожува. На нашите простори е многу популарна и е неизоставен елемент на секоја свечена трпеза.
Омилена е на сите славски и новогодишни трпези. Сите ја сакаат, особено во комбинација со домашни кифлички.
Приказната за настанокот на оваа салата која некои ја нарекуваат и Оливер салата, нè носи во далечната 1860 година во ресторанот Ермитаж во Москва.
Имено, Руската салата всушност е креација на францускиот шеф на кујна, кој во тоа време работел токму во рускиот ресторан.
Оригиналната верзија претрпела бројни измени, но денешните руски и наши рецепти се многу слични, ако не и идентични.
Руската Нова година не може да се замисли без оваа салата, така што не сме единствените на чија трпеза таа е главна кралица на преминот од стара во нова година.
РУСКА САЛАТА – РЕЦЕПТ:
Потребни состојки:
500 г компир
500 г морков
250 г грашок
4-5 јајца
300 г мисиркина шунка
350 г кисели краставички
600 г мајонез (или мешавина од 300 г мајонез и 300 г кисела павлака)
Постапка:
Компирот во лушпа претходно добро измиен, сварете го во солена вода. Морковот излупете го, исечете го на крупни парчиња и сварете го посебно од компирот, исто така во вода со малку сол.
Одвоено се вари и грашокот, кој треба да се внимава да не се правари. Истовремено сварете ги и јајцата во друго тенџере. Сите состојки оставете ги да изладат. Компирот излупете го и оставете го за крај.
Останатите намирници исечкајте ги на ситни коцки околу 5х5 мм и ставајте ги во еден голем сад. Истурете го целиот мајонез и добро промешајте.
На крај додајте го исечканиот компир кој треба многу внимателно да се промеша за да не се распадне. Посолете по вкус. Чувајте во фрижидер, поклопено.
Послужете во чинии украсени и декорирани по ваша желба.