Комбинацијата од гриз и ореви отсекогаш била омилена, зашто многумина ги потсетува на сочниот колач кој во нашиот регион е познат како раванија. Во следниот рецепт се додава и кокос, па потсетува и на познатиот „басбоуса“. Се надеваме дека ќе ви се допаднат нашите предлози. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 г шеќер, 150 мл млеко, 150 мл масло, 3 супени лажици меле ни ореви, 3 супени лажици кокосово брашно, 3 супени лажици гриз, 160 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво (12 г). За сируп: 200 г шеќер и 400 г вода. И уште: малку кокос или мелени ореви за наросување одозгора
РЕЦЕПТ 2 (орев коцки) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит (се мери со чаша од 200 мл): 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло за готвење, 2 чаши брашно, 5-6 супени лажици мелени ореви, 1 кесичка прашок за печиво (10 г)
За фил: 500 мл млеко, 6 супени лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер (20 г), 4 супени лажици гриз, 100 г чоколадо за готвење или по избор, 150 г мелени преви или 2 чаши. За прелив: 300 мл млеко (1.5 чаша од 200 мл), 6 лажици шеќер. За глазура: 100 г чоколадо, 200 мл слатка павлака (или 150 мл млеко), 1 чаша крупно мелени ореви
ПОСТАПКА за рецепт 1: во подлабок сакршете три јајца и додајте 100 г шеќер, па со кујнска жица-маталка добро изматете ги додека шеќерот започне да се растопува. Потоа додајте 150 мл млеко и 150 мл масло за готвење, па повторно промешајте додека да се изедначат состојките.
Потоа мерете со една иста супена лажица и додајте: три лажици мелени ореви, три лажици кокосово брашно и три лажици гриз. Промешајте да се изедначат состојките, па додајте просеано 160 г брашно помешано со една кесичка прашок за печиво.
Ако ви е полесно брашното додавајте постепено на неколку наврати, за полесно да ја измешате смесата и да нема суви грутчиња. На крај кога добро ќе се промеша треба да добиете густа, хомогена полутечна смеса.
Тепсија со дијаметар 28 см намастете со путер или маргарин, па сипете ја смесата и рамномерно распоредете ја. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час или проверете со чепкалка.
Печениот колач оставете го на решетка да се олади. Во меѓувреме, додека колачот се лади, направете го сирупот: во тенџере ставете 200 г шеќер и залијте 400 мл вода. Ставете на рингла да се загрева на умерена температура, а од моментот на зовривање оставете да се вари уште 5 минути.
Топлиот колач полека залијте го со топлиот сируп, најдобро кутлача по кутлача за да го впие рамномерно. Одозгора наросете кокосови трошки или мелени ореви, па оставете целосно да се олади и да го впие сирупот, пред да го сечете и послужите. Деталите од постапката за вториот рецепт и видеопрезентацијата можете да ги погледнете ОВДЕ.