Без јајца и маргарин, најубавиот колач кој се подготвува за кратко време, не се пече. Сите ги сакаат тортите и колачите кои се прават со пишкоти, бидејќи се лесни, и речиси сите ги подготвуваат во лето поради леснотијата.




Во продолжение може да прочитате уште еден брз рецепт кој не се пече, само што разликата е во тоа што не се користат пишкоти, туку бисквити. Прочитајте ги и двата рецепти, па кој ви се допаѓа повеќе, запишете си го. Еве што ви е потребно за првиот рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл слатка павлака, 500 г маскарпоне (свежо кремасто кравјо сирење), 100 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, неколку капки лимонов сок, 250 мл ладно кафе (инстант или турско или по желба), 400 мл амарето ликер (или рум ако немате амарето или друг ликер), околу 60 пишкоти, какао за наросување на тирамисуто.




ПОСТАПКА: Во претходно свареното и изладено кафе додајте амарето ликер. Слатката павлака изматете ја со постепено додавање на шеќерот во прав, ванилин шеќер, маскарпоне и неколку капки лимонов сок.




Пишкотите натопувајте ги во кафето со ликер и распоредете ги на дното од тепсија. Може и само да ги наредите, па потоа одозгора со лажица да ги натопувате. Потоа премачкајте ги со крем, па повторно пишкоти итн. Завршете со крем и одозгора наросете какао. Оставете го тирамисуто преку ноќ да се стегне и пишкотите убаво да омекнат.




(втор рецепт) Чоколаден колач со бисквити и пудинг, готов за 15 минути без маргарин и без печење. За да го приготвите овој колач потребен ви е еден тесен калап (за ролат или леб) кој ќе го обложите со проѕирна фолија. Од состојки ќе ви бидат потребни бисквити, пудинг, млеко и шеќер по вкус.




Во рецептот се користени „турски“ чоколадни биксвити, но вие може да употребите било какви, по ваша желба. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г турски чоколадни бисквити, 2 пудинзи од ванила, 2 пудинзи од чоколадо, 1 литар млеко и шеќер по вкус или според упатството на кесичките од пудинзите.




ПОСТАПКА: Еден потесен плех обложете го фолија. Сварете ги пудинзите посебно според упатството (по 2 пудинзи за половина литар млеко). На секој бисквит мачкајте прво пудинг од ванила, па редете покрај ѕидот на плехот по должина.




Потоа, преку него редете бисквити намачкани со пудинг од чоколадо и сè така по ред додека да се исполни калапот. Можете да ги редите и по сопствена избор и идеја. Оставете го во фрижидер добро да излади, па потоа превртете го на долгнавеста чинија за сервирање.




Глазура ставете по желба (може чоколадна или да ставите шлаг). Јас се одлучив за шлаг. Сечете го колачот добро изладен. Има одличен кремаст, чоколаден вкус.

Напомена: Доколку користите „турски“ бисквити нема потреба од нивно претходно натопување во течност (чај, млеко) бидејќи овие бисквити се многу меки и веднаш ќе ја впијат влажноста од пудингот. / Coolinarika.com