Сончевото зрачење, готвењето или евентуално пушењето во домот како и греењето зимно време се фактори кои влијаат врз квалитетот на завесите.

Тие ја губат својата боја, обелуваат, посивуваат и го губат сјајот, а обичните детергенти не помагаат многу.

За среќа, постои еден супер трик со кој ќе им го вратите стариот сјај на вашите омилени завеси.

Доволно ви е само алкохолна киселина или кај народот позната како бел оцет.

Во машината за перење заедно со завесите ставете половина филџан бела алкохолна киселина и детергент за перење. Пуштете го програмот за завеси и чекајте чудо.

Ако си мислите дека после ова завесите ќе ви мирисаат на оцет – не грижете се! Мирисот во текот на перењето ќе исчезне и воопшто нема да се чувствува.

Ако завесите ви биле многу валкани, можеби е добро претходно да ги закиснете во млака вода со сода бикарбона и детергент, па дури потоа да ги ставите во машина.