БЕЛИНДА ТОРТА СО БЕЛО ЧОКОЛАДО И БАДЕМИ: рецепт за многу вкусна торта. Превкусна торта со брза подготовка, а се прави од омилените состојки, бело чоколадо и бадеми.




Никаде не сум сретнала волку вкусна и едноставна торта која нема да ви одземе цел ден или два дена за нејзино приготвување. Уште поинтересно е тоа што не треба да чекате да се стврдне во фрижидер, туку може одма да ја јадете.




Има швајцарско потекло, а според тоа го добила и името. Овој кремаст десерт има фантастичен вкус, а нејзиниот изглед и вкус зборуваат сами за себе. Тортата се подготвува исклучително лесно, а ќе ви бидат потребни следниве состојки: 12 јајца. За пандишпан: 12 лажици шеќер, 300 г излупени мелени бадеми, 3 лажици гриз.




За фил: 200 г бело чоколадо, 8 лажици шеќер, 250 г путер, 2 кесички прашок за шлаг и 200 мл млеко. Тортата се состои од 3 слоеви, а толку е богата што доволно е да пресечете по едно мало парче.




ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките и жолчките. За подготовка на пандишпанот: пенасто изматете ги белките со миксер додека добијат цврста структура. Постепено додавајте го шеќерот во изматените белки, со постојано матење со миксерот.




Се мати додека да се растопи шеќерот. Потоа додајте го гризот, мелените бадеми и миксајте додека смесата да се соедини. Прелијте ја смесата во голем плех за печење обложен со хартија за печење. Печете 20-тина минути во во претходно загреана рерна на 180 степени.




Филот се подготвува на следниов начин: Одделените жолчки се ставаат на пареа, па се додаваат 8 лажици шеќер се мати со миксер се додека да се растопи шеќерот. Скршете го чоколадото на коцки и додајте го во садот на пареа.




Матете повторно со миксерот додека да се растопи чоколадото. Кога кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го садот од пареата и оставете да се излади. Во подлабок сад за матење ставете го прашокот за шлаг, додајте го млекото и матете со миксерот додека шлагот да ја добие потребната цврстина.




Потоа, во друг сад, измешајте го путерот со миксер додека да стане пенлив. Во путерот додајте го изладениот крем и матете со миксер до изедначување на филот. Потоа додајте 3 лажици од шлагот и измешајте со миксер.




Пандишпанот се прeceкува на 3 еднакви ленти (кори) во ширина. Првата лента се става на плехот за торта. Се премачкува со филот. Врз филот се става другата кора и таа се премачкува со филот.




Потоа ја ставаме третата лента и ја премачкуваме целата торта со филот одозгора и по страните. Користејќи шприц за готвење, украсете ги страничните делови и горната површина на тортата со преостанатиот шлаг. Верзијата на „Храна и вино“ погледнете ја во видеото ОВДЕ.