Home Рецепти Бел розен колач, вкусен и лесен, одличен за слави и родендени или...

Бел розен колач, вкусен и лесен, одличен за слави и родендени или за сладење со попладневното кафе

Нашата драга Светлана Карапетровска ни го приготви овој превкусен колач, кој одлично одговара после попладневното кафенце. Рецептот го објави во нашата група НМД рецепти.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска

Потребни состојки:

1 пакување розен кори
1 литар млеко
200 г шеќер
120 г густин
250 г путер или маргарин
1 бело чоколадо за готвење
200 г кокос

за глазура:

100 г бело чоколадо
4 лажици масло

Постапка:

Од вкупното млеко се одзема 200 мл за да се раствори густинот, а остатокот заедно со шеќерот се става на оган да зоврие. Потоа се вари како пудинг, со додавање на густинот и постојано мешање додека да се добие потребната густина.

Се трга на страна и додека е врело се додава путерот и чоколадото за да се растопат и соединат со кремот. На крај се додава и кокосот.

Со млакиот фил се филуваат корите. Одозгора се прелива со глазура.

За глазура: 100 г бело чоколадо се растопува на тивок оган или на пареа со 4 лажици масло, па топло се прелива врз последната розен кора која не се филува.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска