Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти – Баунти колач без печење.

Брз и едноставен колач кој нема да ви одземе многу време, а ќе го приготвите без голема мака. Одличен за сите љубители на кокосот во комбинација со чоколадо.

Потребни состојки:

950 мл слатка павлака
125 г путер ( ½ коцка)
200 г бело чоколадо
300 г кокос
калап 25х10 см
300 г чоколадо за глазура

Постапка:

Во еден сад ставете 800 мл течна слатка павлака со 125 г путер исечено на парчиња и 200 г бело чоколадо искршено на коцки. Загревајте на тивок оган додека да се растопат и соединат состојките. Внимавајте да не зоврие.

Растопениот крем тргнете го на страна и додадете 300 г кокосово брашно. Промешајте додека убаво да се соедини во смесата. Калап со димензии 25х10 см обложете го со проѕирна фолија. Излејте ја рамномерно смесата, пополнете ги сите празнини и убаво израмнете.

На страна загрејте 50 мл слатка павлака и додадете 100 г чоколадо искршено на коцки. Оваа глазура (за основа) прелијте ја врз белиот колач и израмнете. Оставете во фрижидер или замрзнувач да стврдне.

Остатокот од слатката павлака (100 мл) загрејте ја со 200 г чоколадо, на ист начин како и претходната глазура. Колачот превртете го врз чинија за послужување, отстранете ја фолијата и прелијте го со глазурата. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видео прилогот:

https://youtu.be/yPWHXYJ-XcQ