Барбекју сос (сос за скара) е сос што се користи како маринада, за преливање, зачинување или прелив за месо, вклучувајќи свинско или говедски ребра или пилешко.

Состојките варираат, но повеќето вклучуваат оцет, доматна паста или мајонез (или комбинација) како основа, зачини како црн пипер, сол, но и засладувачи (мед или шеќер).




Барбекју сосот е еден од најбараните сосови за љубителите на месо и скара, а во продавниците е секогаш многу скап да се купи. Со овој рецепт можете да направите домашен барбекју сос кој не одзима повеќе од 2 минути. Има совршен вкус, вреди да си го направите дома.

НМД.мк




Состојките важно е да бидат во правилен сооднос, а по желба може да ги зголемувате за да направите поголема количина. Еве што ви е потребно да го подготвите сосот, а плус спремете си едно тенџере.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 1/2 мала чаша шеќер, 1 1/2 мала чаша кечап, 1/2 чаша црвен оцет (може и балсамико), 1/2 чаша вода, 2 големи лажици црвен пипер, 2 мали лажици сол (или по вкус), 1 1/2 лажичка црн пипер, 2 суви пиперки или чили.




ПОСТАПКА: За да го направите сосот, само измешајте ги сите суви состојки во тенџере на вклучена рингла. Ставете го шеќерот, кечапот, оцетот и водата. Малку промешајте, па додајте го црвениот пипер кој е најважна состојка за вкусот на сосот.




Додајте сол по вкус, па црн пипер и на крај додајте чили зачин. Измешајте, па кога сосот ќе почне да се загрева тргнете од рингла и веднаш искористете го. Доколку ви остане од сосот (што е ретко) складирајте го во фрижидер.

Во барбекју сосот може да додавате сенф, мајонез, ворчестер сос, ситно сечкан кромид, но искрено нема потреба вака излегува многу убав и го има вистинскиот вкус. Во продолжение прочитајте како да направите оригинален тартар сос:




Овој сос е многу повкусен од купечкиот, пред сè затоа што има побогати состојки, домашно е приготвен и секогаш можете да додадете или одземете некои од состојките. Тоа е базата, мајонез, кисели краставички и копар, а сè останато можете да прилагодувате по сопствен вкус.




За да го приготвите овој превкусен сос, ќе ви бидат потребни следните состојки: 200 г мајонез, 2 големи лажици павлака колку може помасна користете (со повисок % млечни масти), 5 кисели краставички, 2 чешниња лук, 1 лажица магдонос, 1 лажица копар, 1 лажичка сенф, сол, црн пипер.




ПОСТАПКА: Краставичките изрендајте ги на најситниот дел од рендето, а потоа исцедете ги добро од сокот. Копарот искинете го од гранчињата, бидејќи потребен ви е само зелениот дел, а потоа исечкајте го ситно со нож.




Во еден длабок сад додадете ги мајонезот, павлаката, сенфот, ренданите краставички убаво истискани, сечканиот копар и магдонос. Јас користам замрзнат магдонос претходно ситно исечкан, а вие ако имате ставете свеж.

Потоа додадете ситно исечканото лукче (ако немате преса за лук, може да го истолчите) и зачинете со сол и црн пипер по вкус. Убаво промешајте околу 1-2 минути додека сите состојки да се соединат. Вкусете и по потреба додадете уште малку сол или некој од зачините.




Преубаво мириса и ќе ве мами да го пробате уште додека го мешате сосот. Готовиот сос префрлете го во некој стаклен сад за послужување, по можност со капак и чувајте го во фрижидер. Можете да го користите во следните два-три дена. Поради мајонезот нема подолг рок.

Но, секако, сосот е толку многу вкусен, што брзо ќе се изеде уште првиот ден, особено ако за главен оброк имате нешто похувано Совршено одзговара и со пирошки, похуван кашкавал, пилешки прсти…