Потребни состојки:

6 јајца

2 лажици врела вода

150 г шеќер во прав

60 г брашно

50 г мелени ореви

1 ванила шеќер

За фил:

400 мл млеко

1 пудинг од ванила

200 г путер

150 г шеќер во прав

2-3 банани

3-4 лажици чоколадни трошки

За декорација:

2 шлаг креми

2 лажици еурокрем

3 лажици мелени ореви

Постапка:

Пенасто изматете ги жолчките со 75 г шеќер во прав.

Додадете 2 лажици врела вода и матете додека масата да се згусне и побели.

Белките изматете ги во цврст снег, додадете го преостанатиот шеќер и ванилин шеќерот.

Во изматените жолчки додадете полека брашно со мелени ореви.

Постепено додадете го и снегот од белки и внимателно промешајте го тестото.

Печете на плех обложен со хартија, на 180 степени 20 минути.

Испечената кора веднаш истресете ја на крпа наросена со шеќер и свиткајте во ролат.

За фил: сварете пудинг во 400 мл млеко и оставете да излади на собна температура. За да не се создаде кора на пудингот, наросете го со малку шеќер.

Омекнатиот путер изматете го со шеќер во прав, постепено соединете го со пудингот. Во филот додадете чоколадни трошки и добро промешајте, оставете го 30 минути во фрижидер.

Развлечетеја крпата со бисквитот, нанесете го филот преку целата површина.

Бананите излупете ги, пресечете ги краевите и наредете ги една до друга по должина.

Потоа внимателно свиткајте го ролатот и украсете го со шлаг крем, мелени ореви и растопен еурокрем.