Баба од Бугарија помага при забременување и лекување на други болести

Медицината секојдневно оди напред, научниците постојано патентираат нови лекови и даваат надеж дека можеби во блиска иднина ќе бидат откриени лековите и за најстрашните болести.

Сепак, кога луѓето се во мака, бараат и алтернативни начини за лекување, а неретко знаат да посетуваат и луѓе со натприродни способности.

Во серијата “Ничија земја” на Бугарската “Нова ТВ”, авторот Даниела Тренчева не однесе во селото Крибул, каде живее баба Јулија, која стана една од најпознатите исцелителки, по неколку емисии за неа.

Баба Јулија ја наследила нејзината дарба да лекува, од својата мајка.

Таа на луѓето кои доаѓаат кај неа им чита молитви, ги носи болните до една карпа, преку која треба да поминат за да оздрават.

Баба Јулија боледувала од рак на црниот дроб и на дебелото црево.

Таа дала завет дека ако оздрави, ќе им помага на луѓето. Дала завет дека нема да побара ниту еден денар.

На луѓето не им наплаќа, туку тие ако имаат желба и остават пари колку сакаат.

– Луѓето денес се многу болни, веќе речиси секој втор човек боледува од рак, вели Баба Јулија.

Дневно во нејзиниот дом поминуваат по 50 души и се интересираат за нејзините моќи.

Најголемата радост за баба Јулија е, кога ќе се вратат оздравени луѓе и ќе и кажат дека се подобри.

Едно мало дете проговорило на местото кај карпата, каде што баба Јулија ги носи своите посетители. Ова е една од најголемите радости за баба Јулија.

Местото е високо енергетско. Правени се истражувања со модерна техника при кои се констатирал овој факт. На Родопите има многу силни места, но овој камен е најсилен, објаснува баба Јулија.

Многу луѓе кои добиле дијагноза дека ќе умрат, кои со години немале деца, одат кај добрата баба Јулија и потоа оздравуваат.

Баба Јулија за местото раскажува и анегдоти:

– На карпите живее една змија. Еднаш, кога една жена сакаше да пристапи кон местото, змијата се појави и не и дозволи да помине!

Баба Јулија смета дека жената била некоја атеистка, која е без доволно верба во себе и затоа змијата не и дозволила да помине.

Еве што треба да понесете со себе пред да одите кај Баба Јулија:

Кога ќе одлучите да одите кај баба Јулија, со себе треба да понесете 3 килограми Брашно, 1 килограм Сол и црвен конец со должината на вашиот раст.

Со десната нога стапнувате на каменот, а излегувате со левата. Потоа ваша стара облека се врзува на околните дрва, за вашата болест да остане таму засекогаш.

Може да биде однесена и облека на ваши болни роднини, без тие да присуствуваат лично.

Запознајте ја баба Јулија од видеото на Бугарската Нова ТВ:

Loading...