За да го одржувате своето здравје преку целата година, а притоа да си дозволувате понекогаш да си каснете и нешто што е покалорично, тогаш практикувајте го овој напиток кој се пие по неколку дoзи, најдобро двапати годишно.




Рецептот ми го кажа баба ми која живее во Германија долги години. Таа отсекогаш била вита, здрава и силна, а сега кога е во осмата деценија од животот, е поздрава од кога и да било. Тука кај нас сите ѝ се чyдат како ѝ успева, но таму кај што живее таа, нормално е старите луѓе добро да изгледаат и да се здрави.




Таа ми рече да пијам двапати годишно за мое здравје, а некој ако сака, може да пие и двојно повеќе. Напитокот се пие 3-4 денови по ред и тие денови мора да се внимава на исхраната. Во секој случај, во текот на целата година треба да внимавате на исхраната, да не се јаде често мрсна и тешка храна, така вели баба ми.




Лековитиот напиток се состои од 8 едноставни состојки и секогаш се прави свежо подготвен. Треба да се пие по 3 чаши дневно, најдобро 30 минути пред секој оброк. Јас го испробав и навистина делува. Од напитокот ќе се чyвствувате прочистени, особено од него се чистат црниот дроб и цревата. Во продолжение прочитајте ги потребните состојки и начинот на подготовка.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 чешниња лук, 4 г куркума (корен), 1/4 зелено јаболко, 4 г корен од ѓумбир, 2 ливчиња нане, 2-3 парчиња лимон, 1 лажица природен мед, 1 литар вода.




ПОСТАПКА: Излупете ги чешнињата лук и исечкајте ги на тенки листови. Коренот од куркума излупете го и исечкајте го на листови (како замена може и во прав). Истото направете го и со коренот од ѓумбир. Зеленото јаболко добро се мие, се сече на четвртини и се искористува само една третина, а преостанатото јаболко можете подоцна да си го изедете.




Лимонот исечете го на 2-3 парчиња сосе кора, која претходно треба да биде измиена со сода бикарбона. Сите состојки, кои претходно ги подготвивте, вклучувајќи ги и ливчињата нане ставете ги во еден подлабок бокал.




Настрана зовријте 1 литар вода и прелијте преку состојките. Покријте го бокалот и оставете да отстои околу 5-10 минути додека да се пуштат сите состојки во водата. По изминатото време, напитокот се процедува низ цедалка и се складира во сад кој што држи топлина.




Се конcyмира по 1 чаша од 250 мл, трипати на ден. Оваа количина е наменета за еден ден и за следното утро една доза. Пред пиење, во чашата се става по 1 лажица природен мед. Се конcyмира во период од три до четири денови. Во овој период, јадете поедноставна храна и пијте повеќе вода.

Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Напомена, пред примена на овој чај, како и други препарати од природната медицина, секој треба да се конcyлтира со својот лекаp.