Освежителна, не е многу тешка, се топи во уста. Оваа торта е навистина за уживање, нема да чекате да се олади, туку веднаш може да ја јадете. Од неколку состојки навистина ќе уживате во вкусот, а слична е на сладолед. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 белки, 500 г шеќер, 2 лажички лимонов сок. ЗА ФИЛ 1: 10 жолчки, 5 лажици шеќер, 5 лажици брашно, 500 мл млеко, 250 г ореви, 250 г путер. ЗА ФИЛ 2: 4 кесички шлаг, 400 мл млеко.




ПОСТАПКА: Белките изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег. Пред крајот додајте лимонов сок и уште малку матете. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење, па сето ставете го во загреана рерна на 150 степени и печете 20 минути, а потоа температурата намалете ја на 100 степени и печете уште еден час.




Во меѓувреме сварете го филот: Жолчките изматете ги со брашното и малку млеко, да добиете смеса без грутчиња. Сварете ги во преостанатото млеко и шеќер, исто како пудинг (внимавајте да не ви загори).




Сварениот фил покријте го со проѕирна фолија и оставете добро да излади. Изладената кора пресечете ја на два дела, така да добоете две помали кори. Путерот пенасто измиксајте го, па во него постепено додавајте од изладениот крем со жолчки и на крај промешајте ги и мелените ореви. Филувајте. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт:




Едноставна и брза кремаста торта од кокос и бисквити. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 160 г бисквити мелени, 100 г кокос, 50 г путер, 2 лажици мед, 100 мл млеко. ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 100 г скробно брашно (густин), 100 г кокос, 100 г шеќер во прав, 1 кесичка желатин во прав.




ПОСТАПКА: Бисквитите сомелете ги и помешајте ги со кокосот, растопениот путер, млекото и медот. Калапот за торти (26 см) обложете го со хартија за печење, па ставете ја смесата на дното како подлога и израмнете. Оставете во фрижидер да се стегне.




За крем: помешајте шеќер во прав и густин, па додајте доволно млеко за да добиете густа каша без грутчиња, па подоцна додајте уште малку млеко. Остатокот од млекото и кокосовото брашно ставете ги на оган и со постојано мешање додадете ја смесата со густинот. Варете со постојано мешање неколку минути додека да згусне.




Желатинот помешајте го со 4 лажици вода и оставете да набубри. Растопете го па додадете малку крем и добро измешајте за смесата да биде хомогена. Додајте ја мешавината од желатин и крем во остатокот од кремот и добро измешајте.




Кога кремот ќе стане млак излејте го во калапот врз подлогата од бисквити и оставете во фрижидер неколку часови да се стегне. Одозгора украсете со рендано бело чоколадо или кокосово брашно или едноставно оставете ја така. Вистинска снежна убавица.