АРОМАТИЧНО ЛЕПЧЕ СО КАШКАВАЛ: за појадок или вечера, за сите посебно правам бидејќи веднаш се изедува

Нема да ве лaжам, ова е најубавото ароматично лепче што сум го пробала. Откога го направив овој рецепт, заборавивме на сите пици, фурнаринки и други печива. Релативно брзо се прави, тестото веднаш се замесува, а потоа се чека да стаса некое време и се става на печење.




Почнав речиси секој ден да го подготвувам бидејќи се јаде за 5 минути. Само ова ми бараат дома, за друго немаат желба. Од неколку состојки ќе го направите, ова е нешто помеѓу пита и пица. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 голема лажица шеќер (20 г), 1 мала лажица инстант квасец (5 г), 1 јајце, 200 мл топло млеко, 4 големи лажици масло (25 мл), 360 г бело сенаменско брашно, 1 мала лажица сол. ЗА ФИЛОТ: 150 г чедар кашкавал или некој друг по ваш избор, 150 г фета сирење, 1 црвена и 1 зелена пиперка, сусам и 1 жолчка за премачкување на тестото.




ПОСТАПКА: Во еден сад ставете го топлото млеко (не зовриено), па во него додајте го шеќерот, солта, јајцето и маслото. Малку промешајте со жица/маталка или шпатула, па додајте го инстант квасецот и повторно соединете ги состојките.




За квасецот побрзо да се активира, најдобро би било 1 час пред подготовка на тестото да го извадите јајцето и млекото да отстојан на собна температура. На крајот се додава брашното и се замесува фино и меко тесто. Резервирајте си уште малку брашно за наросување за подоцна кога ќе го развлекувате тестото.




Кога ќе го замесите тестото, тоа може малку да биде лепливо. Оставете го во садот каде што првично ги мешавте состојките, покријте го со пластичен капак или крпа и оставете да кисне некои 40 минути додека да се удвои неговиот волумен.




За тоа време подгответе го филот: Изрендајте го чедар кашкавалот, па во него додајте го фета сирењето. Може да користите било какво сирење и кашкавал, сè додека вам ви се допаѓаат на вкус. Ако е потребно додајте сол во нив.




Потоа во млечниот фил додајте 2 ситно исечкани пиперки, една црвена и една зелена и соединете. Од филот издвојте малку настрана, тоа ќе ви биде потребно за наросување врз тестото. Од преостанатиот дел направете цврта топка која нема да се распаѓа.




По изминатото време, тестото развлечете го со раце во круг, не ви е потребна оклагија. По потреба додавајте брашно за да не ви се лепи на рацете. Кога ќе го развлечете на средина ставете ја сирната топка и затворете ја со страните на тестото.




Потоа повторно спласнете со рацете и развлечете го тестото на истиот начин како и претходно што направивте. Кружното тесто премачкајте го разматена жолчка и наросете го со сирењето кое претходно го тргнавте настрана.

По желба наросете и со други семки како сусам… Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени. Готово е за некои 25 минути, но повремено проверувајте го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПИЛЕШКО МЕСО ВО ТЕГЛА: Вака го чувам без фрижидер до 1 година, свежо и деликатесно, повкусно нема
Следна статијаНА 16 ФЕВРУАРИ НЕБОТО ЌЕ СЕ ОСВЕТЛИ: Снежната месечина најмногу ќе влијае на овие 4 знаци