Колачите со јаболка засекогаш ќе нè потсетуваат на старите добри времиња, кога нашите баби со брзина на светлината го подготвуваа овој колач кој ние го јадевме со раце и пиевме чаша млеко. Испробајте го овој рецепт ако сакате со нешто да се засладите, а за тие што постат може да ја прочитаат втората посна верзија. Еве што ви е потребно:

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 120 г мелени ореви, 200 г рендани јаболка (2-3 јаболка), 200 г шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 мл масло, 250 мл млеко, 200 г гриз, 120 г брашно, 80 г суво грозје, 1 лажичка цимет, 1 лажица рум. ЗА ГЛАЗУРА: 120 г чоколадо, 20 г путер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – ПОСНА ВЕРЗИЈА): 4 големи јаболка, 250 г шеќер, 15 г сода бикарбона, 250 г мелени ореви, 400 г брашно, 130 мл масло, 15 г ванилин шеќер. ЗА ШЕРБЕТ: 400 г шеќер, 400 мл вода, лимон и мелени ореви за декорација (за наросување одозгора). Врел колачот се залева со ладен сируп.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јаболката може да се изрендаат или да се сомелат во сечко, така е многу полесно. Доколку ги сомелувате, претходно излупете ги (или добро истретирајте ги со вода и сода бикарбона) и од нив извадете ги дршката и семките. Во измелените/изренданите јаболка попрскајте со малку лимонов сок за да не потемнат. Ова е секако опционално.




Најпрво, ги мешате сувите состојки, па постепено во нив ги додавате влажните, по следниот редослед. Во подлабок сад ставете ги сомелените/изрендани јаболка. Додајте 120 г мелени ореви, 200 г шеќер, 1 кесичка прашок за печиво, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 г гриз, 1 лажичка цимет и 120 г брашно.

Како што додавате од секоја состојка, константно мешајте со лажица/шпатула за побрзо и полесно да се соединат сите состојки. Потоа, ги додавате влажните влажните состојки со нежно мешање. Додајте 150 мл масло, 250 мл млеко и 1 лажица рум. Соединете во фина и еднолична смеса, без грутчиња, па на крајот додајте 80 г суво грозје и повторно соединете.




Вака подготвената смеса се излева во правоаголен плех, обложен со хартија за печење со стандардна големина и смесата добро се израмнува. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 170 степени околу 20-25 минути, но се испробува со чепкалка – да не се лепи. Доколку имате појака рерна, оваа температура на печење е идеална, а во послаба може да ја зголемите на 180/90 степени.




По печењето, колачот се остава малку да се олади, а во меѓувреме се подготвува глазурата. ЗА ГЛАЗУРА: Чоколадото со маслото растопете го на пареа, а потоа рамномерно прелијте го врз колачот. Исечете го на коцки. Колачот се јаде и топол и ладен. Секако, повкусен е ладен.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Јаболката изрендајте ги, па веднаш префрлете ги во еден подлабок сад за мешање и додајте 250 г шеќер. Промешајте со лажица за да се распореди подеднакво шеќерот, а потоа додајте по 15 г ванилин шеќер и сода бикарбона. Промешајте и додајте 130 мл масло и 400 г брашно.




Промешајте добро додека да добиете изедначена смеса без грутчиња од брашното. На крај додајте 250 г мелени ореви и уште еднаш убаво промешајте. Подгответе си плех со димензии 38х35 см, намастете го и наросете го малку со брашно, а вишокот истресете го. Можете и само да го намастите со путер. Потоа истресете ја добиената смеса во него и рамномерно распоредете ја.




Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 минути околу половина час. Печениот колач извадете го од рерна и оставете го 1-2 минути да излади, па додека е сè уште е врел прелијте го со ладен шербет.

Шербетот е најдобро да се приготви неколку часа претходно за да има време да се олади или најдобро од претходниот ден. Во едно тенџере ставете 400 гр шеќер и прелијте со 400 мл вода. Додајте и еден лимон исечен на тркалца. Тенџерето ставете го на оган, па кога ќе зоврие, гответе уште 5 минути.




Потоа тргнете го настрана и извадете ги тркалцата лимон. Прелијте го колачот со изладениот сируп, внимателно и постепено, со помош на кутлача. Оставете го малку да се подизлади, а потоа одозгора обилно наросете мелени или ситно сечкани ореви.

Колачот оставете го целосно да се олади и да го впие шеќерниот сируп (откако ќе се олади на собна температура, ставете го во фрижидер). Потоа сечете го на коцки и послужете го. Деталите можете за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а за вториот ОВДЕ.