AНТИБИОТСКА САЛАТА ЗА ЗИМА: никогаш не е доцна да си ја направите, ја јадеме и така или како прилог

АНТИБИОТСКА САЛАТА ЗА ЗИМА: никогаш не е доцна да си ја направите, ја јадеме и така или како прилог. Рецепт од каналот Направи Сама-Идеја за Креативци. Многу вкусна салата која е преполна со витамини, а се прави од само 3 состојки.




Јас правам по 2 тегли и веднаш штом ги изедеме подготвувам нова тура. Не сум љубител на голема зимница, туку секогаш повкусно ми излегува кога ќе направам во помала количина, а потоа си доправам колку што знам дека ќе се јаде.




Оваа салата може да се јаде и така како главно јадење, но е одличен прилог за посните трпези, како додаток со риба, сендвичи… А подготовката не одзема многу време туку само сечкате, складирате, преливате и готово е.




Потребни состојки: 250 г лук, 2 поголеми моркови, 1 китка магдонос. И уште ќе ви биде потребно: 1 лажица сол во секоја тегла, 4-5 лажици ал-кохолен оцет 9% и вода.




Постапка: Лукот исчистете го од лушпите и одвојте ги чешнињата едни од други. Ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со вода. Вака оставете да отстојат половина час додека да го измиете магдоносот и морковот и ги исечкате.




Морковот може да го изрендате или да го исечете на коцки или кругови. Сеедно, како вам ви одговара и ви е повкусно за јадење. Исто така и магдоносот се сечка на ситно. По изминатото време и лукот исечкајте ги на половина.




Земете 2 стерилизирани тегли (наведената количина на состојки е за 2 тегли) и започнете да ги редите со моркови, лук и магдонос. Нема некој посебен редослед туку додавате како што вие сакате.




Во секоја тегла додавате по 1 лажичка сол и по 4-5 лажици јаболков оцет. Потоа преливате со вода до врвот, со чиста вода, претходно отстојана на собна температура. Може да додадете и неколку зрна црн пипер.




Добро ги затворате теглите со соодветниот капак и ги ставате во тенџере со поставена памучна крпа. Доливате со вода негде до половина и вклучете ја ринглата за водата да зоврие.




Кога водата ќе почне да струи тогаш намалете ја температурата на ринглата и оставете да се готви уште 20-тина минути. Потоа оставете теглите целосно да се изладат на суво и ладно место, па може да почнете да ги користите.

По отворање на теглата се чува во фрижидер. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




 

Претходна статијаФантастичен крем за лице кој ја осветлува кожата и ги измазнува нерамнините – за 4 дена одлични резултати
Следна статијаПаметен рецепт за женска среќа: Никогаш не се согласувајте на лошо кафе, лош маж и лоши пријатели