Последнава година се чини дека Ана Бекута донела некои драстични животни одлуки. Една од нив е да го следи својот сопруг Милутин Мркониќ и заедно со него да спроведува кардио тренинг и здрава исхрана.
“Дури сега навистина планирам сериозно да ослабам. Спроведувам концепт според кој се вежба утринско и вечерно кардио. Кога имам време, одам и на вечерно, иако утринското е поефикасно и директно ги топи мастите, бидејќи нема шеќер во организмот. Кога се вежба на гладно телото има најмногу енергија и најлесно ги топи мастите.
Работата ми е напорна и како да станувам во 7 наутро за да вежбам? Нема шанси!
Ама полека одам кон својата цел и се враќам на старата килажа. Тотално ја променив и исхраната, користам поздрави намирници кои не му штетат на организмот.
Ми се промени и квалитетот на кожата – вели Ана.
Ана исто така открива, дека често готви кога е дома и дека главната состојка е маслиновото масло. Имено, таа вели дека не треба да се претерува со маслото, но наместо обичното, рафинираното масло, треба да се користи маслиново.
Исхраната која користи маслиново масло е најблиску до медитеранската исхрана, која всушност е прогласена за најздравата и најдобрата исхрана.
Да се потсетиме, Ана Бекута му беше љубовница на Милутин Мркониќ додека тој беше во брак со неговата сопруга Драгана и со која 10 години не живеел заедно. Сепак тој за медиумите изјави дека Ана е чесна жена и не е негова љубовница, туку неговата единствена љубов.