Доколку сте еден од оние кои постојано бараат нови начини како да го украсат својот дом, ви претставуваме еден прекрасен пролетен цвет кој сигурно ќе го привлече вашето внимание.

Името на овој цвет е амарилис.

Оваа луковичеста билка ни доаѓа од тропските предели на Америка и се сади од почетокот на ноември па до февруари, а цвета во мај и јуни.

Овој цвет има долги листови и исправено цврсто стебленце кои носи впечатливи, раскошни и крупни цветови во облик на труба.

Цветовите на оваа атрактивна билка може да се најдат во пурпурна, портокалова, црвена, бела боја, како и во двобојни варијанти, а толкавата разноликост оваа билка ја прави многу привлечна.

Со вкрстување на сортите на нашиот пазар може да се пронајдат различни варијанти според величина и облик, па така познати се мини и високи форми, двојни или едноставни цветови.

Амарилисот е најдобро да се сади во тегла или садови, а идеално место за чување на оваа билка е балконот. На украсната билка и одговара место под сенка или полусенка, барем во времето на цветање.

Без проблем ќе успее и на посилно сонце. Во фаза на мирување, амарилисот се препорачува да се внесе во ладна и потемна просторија, се додека да се појават првите цветови.

Што се однесува до полевањето, амарилисот има големи потреби за вода, па затоа потребно е да се полева почесто. Во летните денови и на повисоки темератури амарилисот се полева и до неколку пати дневно, по малку.

Некои од интересните факти за овој цвет е дека луковицата може да трае и до 75 години, а поедини видови имаат пречник на цветовите и до шест центиметри.

Погледнете како изгледа овој прекрасен цвет, можеби ќе се одлучите тој да стане вашиот нов миленик во домот.