Ова е познат турски десерт кој порано многу често се приготвувал, а кај нас е познат како „свадбарска алва“. Се користат истите состојки, но на малку поинаков начин. Овојпат ви го претставуваме овој нов рецепт, за кој сме сигурни дека многу ќе ви се допадне. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со една иста чаша од 200 мл): 1 чаша гриз, 1 чаша шеќер (би можеле ја намалите количината според вкус), 1 чаша вода, 75 г маргарин
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете една чаша шеќер и прелијте го со една чаша вода. Промешајте добро со лажица додека шеќерот да започне да се растопува. Водата е ладна и затоа шеќерот поспоро се растопува.
Додека шеќерот се растопува, во нелеплива тава на тивок оган растопете го маргаринот. Штом започне да врие, додајте го гризот и брзо промешајте. Гризот веднаш ќе ја впие маснотијата и ќе добија конзистенција на влажен песок.
Мора непрекинато да мешате додека гризот го пржите на умерена температура, бидејќи може многу лесно да ви загори. Ќе забележите дека бојата на гризот од светла ќе почне да се менува во светло кафеава до бронзена.
Времетраењето на пржењето се движи околу 10-тина минути. Кога ќе ја добиете посакувата боја, тогаш додајте го ладниот шербет (шеќерот треба да биде речиси целосно растопен во водата). Додавајте постепено и внимателно.
Промешајте повторно и гризот брзо ќе го впие сирупот. Постепено ќе се згуснува, па кога ќе ја постигне густината за неколку минути, исклучете го огнот, поклопете ја тавата со капак и оставете да одмори 20-тина минути.
Потоа алвата претурете ја во калап за торти со флексибилен обрач, или калап по ваш избор. Распоредете рамномерно и израмнете. Алвата можете веднаш да ја послужите или да ја оставите во фрижидер да се олади. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.