АЛВА ОД ГРИЗ И ЈАБОЛКА…Многу вкусен посен колач…се јаде со сласт…Рецепт и фотографија на Татјана Чукиќ. Еве што ви е потребно:

Рецепт и фотографија на Татјана Чукиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со иста чаша):

1/2 чаша гриз
1 мало јаболко, варено и исчистено и испасирано
1/2 чаша шеќер
1 1/2 чаша вода
1/2 лажичка кардамом или цимет
2 лажици маргарин/масло или путер
малку суво грозје
2-3 лажици мелени ореви (може да се изостават)

ПОСТАПКА:

1.Растопете една лажица маргарин или путер, потоа додајте гриз и пропржете го со непрекинато мешање неколку минути додека гризот да порумени.

2.Гризот префрлете го во друг сад, а потоа во тавата во која се пржел додајте го пирето од јаболка, сувото грозје, зачините и водата, а кога ќе зоврие додајте го гризот.

3.Мешајте и гответе додека смесата да се згусне и да испари целата течност.

4.На крајот додајте шеќер и една лажица маргарин/путер и мешајте на оган уште неколку минути.

5.Готовата смеса истурете ја во помали калапи или во сад со средна големина (мојот е со дијаметар од 14 см) и оставете целосно да се излади.

6.Префрлете го во десертна чинија и посипете го со мелени ореви. / Рецепт и фотографија на Татјана Чукиќ

Рецепт и фотографија на Татјана Чукиќ