Сите сакаме нашите цвеќиња да растат здрави и бујно да цветаат, но правиме некои грешки со кои ненамерно им штетиме на билките и тие не можат да успеат според нашите очекувања.
Оние кои многу ги сакаат цвеќињата и истите ги негуваат, знаат колку внимание и труд се потребни за да можат тие непречено да растат и бујно да цветаат. Ќесто вложуваат и големи материјални средства за оваа цел.
Постои еден генијален метод кој нема ништо да ве чини, а ќе помогне да им овозможите на билките циркулација на воздух низ нивниот коренест систем. Ќе ви бидат потребни само еден пар кинески стапчиња кои веројатно сите ги имате некаде дома.
Бидејќи собните билки живеат затворени во саксии, со текот на времето земјата станува слепена и каменлива, а со тоа се намалува и просторот кој е неопхиоден за циркулација на кислородот меѓу корењата.
Ова им ште-ти на билките и поради ваквата стисната земја започнува да им опаѓаат листовите. За среќа, ова се решава на многу едноставен начин. Земете едно кинеско стапче (или некое слично), па нежни забо-дете го во земјата.
Повторете уште неколкупати на различни места во земјата. Откако ќе го завршите овој процес, залијте ја билката со отстојана вода на собна температура, а разликата ќе ја забележите веднаш. Оваа постапка можете да ја повторувате неколкупати месечно.
Ви останало малку неиспиено од утринското кафе или можеби вода во која сте ги вареле тестенините, или пак, газиран пијалак од претходната вечер, па си мислите дека ако малку ги помешате со вода и со тоа ги залеете билките, вие ќе им помогнете поубаво да растата, наместо класичното залевање со чиста вода.
Меѓутоа, ова е погрешен пристап, бидејќи на сите растенија им е потребно класично залевање со вода.
Од друга страна, кога ќе се земе во предвид дека водата е драгоцен ресусрс и дека не би требало да се троши во големи количини, за вас истраживме со што би можеле да се залеваат собните билки, а што треба да се одбегнува по секоја цена.
За да преживеат билките потребна им е вода, а понекогаш потребни им се нешто поголеми количини. Сепак, факт е дека водата секојдневно станува сè подрагоцен ресурс во земјите ширум светот, особено поради сè почестите суши со кои се поголеми предели на Земјата.
Токму поради тоа, сите ние треба да бараме некои други извори кои ќе послужат за залевање на нашите билки, а тоа да не е само водата од чешма. Постојат течности кои се подобри и од водата од чешма, но има и такви кои се полоши од неа.
Дождовницата е „злато“ кога станува збор за вода за залевање, затоа што е мека и содржи ниско ниво на соли (ова секако, важи за области кои не се загадени си см ог).
Единствено, проблем би можело да претставува тоа што нема дожд секојпат кога ви е потребна, па токму поради тоа потребно е изнаоѓање на решенија и начини за собирање и складиштење на дождовницата.
Ако имате кров или настрешница можете да поставите цистерна или буре, тогаш тоа би било идеално решение за чување и собирање на оваа драгоцена течност.
Водата во која сте вареле или динстале зеленчук е богата со витамини и минерали кои можат да им помогнат на билките. Ако оваа течност не ја искористите за некоја лесна супа или чорбичка, можете да ја искористите за залевање.
Водете сметка во водата со која залевате да нема сол, шеќер, масло или скроб. Течноста треба да се искористи веднаш штом ќе се олади за да спречите развој на бактерии.
Кога ќе одлучите да менувате вода во аквариумот, таа течност наместо да ја фрлите можете да ја искористите за залевање на билките. Оваа вода е пребогата со минерали кои особено им се корисни на собните билки.
Не се користи единствено онаа вода од аквариумите што е наменета за морски свет, односно водата која содржи сол. Секој извор на свежа вода како што се рибник, езеро, езерце за наводнување или поток, се одличен извор за наводнување на билките.
Водете сметка за индустриските загадувачи, па доколку во водата имате сознанија дека се излеваат вакви штетни извори на загадување, тогаш не ја користете. Обидете се да ја сочувате водата која обично ја истекувате додека да добиете ладна или топла вода од чешма.
Поставете чинија во мијалникот и сочувувајте ја водата која инаку би заминала низ одводот. На овој начин ќе сочувате голема количина на вода. Растопениот мраз е исто така одличен избор за вашите билки.
Почекајте целосно да се растопи пред залевањето, или пак, наредете неколку парчиња мраз во саксијата, но внимавајте мразот да не ја допира билката.