Еве еден рецепт поради кој сите ќе ги сазакаат тиквичките. Пржени тиквички во преубав сендвич помешу кашкавал и шунка, сето прелиено со јајца и кисела павлака и запечено во рерна. Ќе бидете воодушевени од вкусот.

Потребни состојки:

3 средни тиквички (може да се проба и со патлиџани)
3-4 јајца
100 г брашно
150-200 г мисиркина шунка
200 г кашкавал или моцарела
180 г кисела павлака со 12% мм
150-200 г мисиркина шунка
Сол, сув зачин (вегета), црн пипер

Постапка:

Тиквичките излупете ги и исечете ги по должина колку можете потенко. Ставете ги во цедалка и посолете ги. Оставете ги вака околу половина час.

Потоа тиквичките процедете ги од сокот, па влакајте ги во брашно. Ставете масло да се загрее.

Пржете ги тиквичките од двете страни, па кога малку ќе заруменат, вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Како поздрава варијанта можете да ги печете во рерна врз хартија за печење (јас така правам).

Внатрешноста на еден огноотпорен сад ја намастуваме и ставаме ред тиквички. Врз тиквичките редиме ленти шунка и рендан кашкавал, и така продолжуваме со редење додека да ги истрошиме состојките. Јас добив три слоја, со тоа што третиот слој го завршив со шунка.

Изматете ја киселата павлака и јајцата, па прелијте ги кифличките. Одозгора се става рендан кашкавал. Се става во загреана рерна и се пече на 200 степени околу 30 минути. Најдобро е тиквичките да се послужат топли.