Обичниот стар сапун и водата апсолутно го уништуваат корона вирусот. Милион пати слушнавте како прва препорака: Најдобар начин за да го спречите ширењето на коронавирусот е редовно и често да ги миете рацете.
Тоа е вистина, а еве зошто е тоа така.
Обичниот сапун, сапунот од коприва, цврстиот, течниот, било кој сапун – апсолутно има моќ да ги уништува вирусите. Затоа миењето само со вода – е исто како да не сте ги измиле рацете.
Тоа има врска со молекулите на сапунот кои комуницираат со вирусот – наведува Vox.
Сапунот се состои од двострани молекули. Едната страна ја привлекува водата, а другата страна ги привлекува маснотиите.
Вирусите пак, се состојат од материи опкружени со слоеви од протеини и масти. Се однесуваат како капки масло кои се залепуваат за вашата кожа.
Кога вирусите стапуваат во интеракција со сапунот, молекулите од сапунот ги откинуваат тие слоеви од масти.
Сапунот буквално ги уништува вирусите. Секако, потребно е време за овој ефект да се случи: поточно, 20 секунди.
Средствата за дезинфекција делуваат на слиен начин, бидејќи главно се состојат од алкохол, а алкохолот се делува на сличен начин како сапунот, уништувајќи го масниот слој од вирусот.
Погледнете го целото видео со објаснувањето: