Помалку или повеќе, сите ние познаваме некој кој постојано ни должи пари и никако не му текнува да ги врати, а вам ви е непријатно да си ги побарате парите назад. Еве како можете да си го наплатите долгот без да молите за сопствените пари и да „мољакате“ – советува гатачката и исцелителка К.Р.

Купете нов клуч, бидејќи за оваа намена не смее да биде користен. Овој клуч се употребува само еднаш и тоа само за овој ритуал.

Доцна навечер отидете на некоја раскрсница на која поминуваат многу луѓе или возила (најдобро е никој да не ве види што правите, зошто ќе си помислат дека којзнае што правите, а автомобилите ќе ви пречат).

На средината ставете го клучот, направете околу него три круга во насока на стрелките од часовникот, и на крајот од секој круг изговорете: Она што е мое нека ми се врати назад!

Потоа, повторно направете три круга околу клучот но во спротивна насока и секој пат изговорете: Совеста те обврзува (името на должникот) да ми ги вратиш парите! Нека биде така!

Клучот носете го со себе додека да ви биде вратен долгот, а потоа фрлете го во вода.

Напомена: Текстот е само информативен!