Home Останато Убавина и нега Ако имате проблем со брчки, пробајте ленено семе и вода – прават...

Ако имате проблем со брчки, пробајте ленено семе и вода – прават чудо за 12 дена

Дали знаевте дека постои домашен третман после кој за 12 дена нема да се препознаете? Ако имате проблем со брчките, пробјате го ова што поскоро!

Тајната е во лененото семе, кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на вашето поткожно ткиво, подмладување на масните клетки и го враќа оној младешки изглед во пределот околу образите, особено во сензитивните делови на кожата околу очите, каде кожата е најтенка и склона на брчкање.

Ставете лажица ленено семе во чинија и прелијте го со третина шолја зовриена вода, матете неколку минути а потоа прекријте со салветка и оставете да отстои до вечер.

Исцедете ја мешавината. Користете ја желатинестата маса во која „одлежа“ лененото семе.

Нанесете го овој раствор врз исчистено лице и врат и не го одбегнувајте делот околу очите. Откако ќе се исуши нанесете уште еден слој.

Оставете да се исшуши и овој слој, а потоа нанесете трет слој

Кога ќе се исуши и третиот слој исплакнете со млака вода, па нанесете од кремот кој вообичаено го користите.