Само што го направив, за 5 минути не остана ниту едно парче. Беше вистинско изненадување за мене, но и за сите што го пробаа, зашто сите посегнавме по второ и трето парче. Колачот е толку кремаст и нежен, што просто се топи во уста.




Јас го нарекувам „колач за секунда“ зашто навистина е од оние кои не бараат преголема посветеност и се приготвува многу брзо и едноставно. Се прави од едноставни состојки, а нема потреба ниту од желатин, зашто си останува кремост, цврст и компактен. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 15х20 см): 2 јајца, 200 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 50 г скроб/нишесте/густин, 700 г цврст јогурт или кисела павлака, 70 г путер, 18 бисквити, малку шеќер во прав за наросување




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете две јајца, додајте 200 г шеќер, 10 г ванилин шеќер, 50 г скроб и веднаш тука додајте 700 г цврст јогурт или кисела павлака, претходно добро изматена за да биде кремаста.




Бавно промешајте со кујнска жица-маталка сè додека сите состојки да се изедначат во густа, хомогена, кремаста смеса без грутчиња. Потоа ставете на умерено слаб оган и гответе со непрекинато мешање додека да згусне како пудинг.




Наредете еден ред бисквити во помал калап со димензија 15х20 см со флексибилен обрач и дополнително обложен со силиконска или обична стреч фолија. Може да употребите калап со слични димензии, а бисквитите нема потреба претходно да се натопуваат во млеко, зашто ќе омекнат од филот.




За оваа големина на калап во еден ред собираат 9 бисквити со стандардна големина (3х3), а според вашиот ставете соодветно колку ќе бидат потребни за да се покрие дното. Излејте го сиот фил, добро распоредете го и ако има потреба малку потчукнете го калапот за да излезат евентуалните воздушни меурчиња.




Израмнете добро, па врз кремот наредете уште еден слој бисквити. Секоја бисквита при ставањето малку притиснете ја нежно за да се залепи во кремот. Колачот оставете го во фрижидер најмалку 3-4 часа или најдобро преку цела ноќ.




Следниот ден отстранете го обрачот и фолијата, наросете шеќер во прав и послужете. Ако се брзате, колачот оставете го во замрзнувач 40-60 минути или додека убаво да се стегне за да може да се сече. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.