Home ТЕСТО Ако имате 1 јајце, брашно и јогурт, направете ги овие вкусни крофнички…Брзи...

Ако имате 1 јајце, брашно и јогурт, направете ги овие вкусни крофнички…Брзи и многу вкусни

Крофнички со портокал и јогурт

Овие миризливи крофнички се совршен избор за брз и вкусен десерт што не бара рерна.

Со свежиот вкус на портокал и кремаста текстура од јогуртот, тие се лесни за подготовка и идеални за уживање во секоја прилика, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

– 1 јајце
– 8 г ванилин шеќер
– 2 лажици шеќер
– 2 лажици сончогледово масло
– 60 мл сок од портокал
– прстофат сол
– рендана кора од портокал
– 125 г јогурт
– 300 г брашно
– 7 г прашок за печиво
– кристален шеќер за валкање
– НМД

Постапка

1. Во длабок сад, со жица за матење измешајте го јајцето, ванилиниот шеќер, шеќерот и прстофат сол додека смесата стане хомогена.

2. Додајте го маслото, ренданата кора од портокал, сокот од портокал и јогуртот. Продолжете да мешате за да се соединат состојките.

3. Постепено додавајте го брашното измешано со прашокот за печиво. Мешајте додека да се формира меко тесто.

4. Кога тестото ќе стане доволно густо измесете го со раце околу една минута за да стане компактно.

5. Лесно намастете ги дланките, па од тестото кинете парчиња и обликувајте ги во долги валјачиња. Спојте ги краевите на секое валјаче за да формирате прстен.

6. Подготвените крофнички редете ги на лесно набрашнета површина.

7. Загрејте масло во длабок сад на умерена температура. Пржете ги крофничките додека да заруменат од двете страни.

8. Откако ќе се испржат, извадете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло, па валајте ги во кристален шеќер додека се топли.

Сервирајте ги крофничките топли или на собна температура и уживајте во нивниот неодолив вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: