Ако имате 1 јајце, јогурт и брашно, направете МИНИ ПАЛАЧИНКИ ЗА 5 МИНУТИ…Меки како душа… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 јајце
3 лажици шеќер
8 г ванилин шеќер
2 лажици масло
125 г цврст јогурт или кисела павлака
80 мл млеко
180 г брашно
10 г прашок за печиво
шеќер за посипување
ПОСТАПКА:
1.Со жица изматете го јајцето со шеќер, ванила и масло. Потоа додајте го јогуртот и млекото и изедначете.
2.Во течната мешавина додајте ги брашното и прашокот за печиво (просеани) и мешајте додека да добиете мазно тесто без грутчиња (погусто од она за обичните палачинки, како крем).
3.Тестото можете да го складирате во готварска кеса или да го црпите со лажица и да ги пржите мини палачинките во умерено загреано масло (да заруменат од двете страни).
4.Мини палачинките по желба посипете ги со шеќер во прав и послужете ги. Постапката погледнете ја ОВДЕ.