Ајде на Драчевска пита со праз, ориз и чварки… уф, уф

Фото и рецепт: Зорица Наумовска

Се замесува тесто со околу 700 г брашно, сол и лажиче печиво, треба да биде средно меко, па се остава да одмори.

Се дели на два дела, а од секој дел се вадат 5 топчиња. Секое топче се расукува колку мала чинија, па се премачкува со растопена маст и масло, а последното не треба да се премачкува.

Така се добиваат две големи топки.

Првата се расукува на побрашнета маса колку што е тавчето (32см) кое е намастено и напрашнето.

Врз првата кора се става зајрето по желба (сварен ориз, праз и чварки), па врз зајрето се прави витка, се боцка со виљушка одозгора и се пече во загреана рерна на 180 степени.

Претходна статијаЌе ве подмлади за 10 години – маска за лице со најобичен квасец
Следна статијаДали знаете што ви се случува од оцетот и медот што го пиете наутро?