Доколку сте на Кето диета, тогаш овој колач е перфектен за вас, може да го јадете дури и навечер. Ова е многу едноставен и лесен рецепт, а за подготвката ќе потрошите речиси една минута. Останете во добра форма и cладете се со задоволcтво, без гpижа на cовест. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г свежа урда/ свежо сирење или крем сирење 45%, 2 супени лажици еритритол засладувач за дијабетичари, прстофат ванилин шеќер, 250 мл слатка павлака/крем 20%, 20 г желатин, 1 супена лажица какао во прав




ПОСТАПКА: Загрејте го кремот/течната павлака на 45 степени, значи да биде млака-топла, па претурете ја во некој соодветен сад и започнете во неа постепено да го додавате желатинот во гранули, со постојано мешање со лажица.




Желатинот можете и претходно да го растворите во малку ладна вода, а потоа да го растопите во микробранова печка или на пареа и да го додадете во топлата павлака, но ова е многу побрз начин. Важно е само да мешате додека го додавате за да не се создадат грутчиња.




Откако добро ќе промешате, оставете ја течната павлака да отстои 5 минути, а потоа додајте засладувач кој е наменет за дијабетичари, или користете некој по ваша желба. Доколку ви се допаѓа вкусот на природната стевија, тогаш користете ја како замена за шеќер, бидејќи има нула калоpии.




Во павлаката додајте и малку ванилин шеќер за вкус и мирис, околу половина или една мала лажичка. Потоа изматете со рачен миксер, исто како што се мати на пример мајонезот. Започнете од долу, па постепено подигате го миксерот нагоре. Смесата ќе остане полутечна.




Потоа додајте 250 г крем сирење и повторно изматете со рачниот миксер. Смесата за вашите кето колачиња е готова, па започнете со полнење на 6 или 7 силиконски калапи, до три четвртини. Не ги преполнувајте, потребен е простор и за завршниот, какао-слој.




Калапите оставете ги во фрижидер да се оладат 5 минути, а во остатокот од кремот додајте една супена лажица квалитетно какао во прав. Добро изматете со миксерот додека да се изедначи целосно. Извадете ги калапите од фрижидер и нежно проверете со прстот дали се стврднал кремот.




Врз секој калап истурете по малку од какао-кремот, слој со приближно 5 мм дебелина, или колку целосно да се пополнат калапите. Ова најмногу зависи од бројот на калапите кои ќе ги користите и нивната големина.




Вратете ги колачите во фрижидер и оставете ги да отстојат најмалку половина час. За тоа време тие убаво ќе се стегнат. После половина час вашиот десерт е спремен. Превртете ги колачите кога ќе ги извадите од калапите и одозгора наросете ги со малку какао. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.