Потребни состојки за тесто:
750 г брашно
500 г кисела павлака
1 ½ лажичка сол
1 лажичка шеќер
200 г путер/маргарин
2 кесички прашок за печиво
3 јајца
За ФИЛ:
200 г пилешка салама (или по избор)
250 г тврдо сирење (трапист)/ кашкавал
100 г кечап
За премачкување:
1 јајце
Постапка:
Во еден сад ставете кисела павлака, сол, шеќер, јајца – се’ добро изматете со жица. Додадете го омекнатиот путер, прашок за печиво и постепено додавајте го брашното и замесете мазно тесто.
Оставете да отстои 20 минути.
Тестото поделете го на 18 топчиња. Секое топче развијте го со оклагија (величина по желба) но тенко, бидејќи тестото ќе нарасне, премачкајте со малку кечап, ставете тркалце саламче и лист кашкавал.