Кога претеруваме со внес на сол, шеќер и масти, најчесто тоа веднаш влијае врз нашето здравје, бидејќи доаѓа до задржување на течностите во организмот.
Дисбалансот на хормоните за време на менструалниот циклус, бременоста, менопаузата, ПМС, неправилната исхрана и слично, предизвикува потеченост кај жените, а најзабележливо е на нивното лице и нозете.
Брзата храна најчесто содржи скриена сол, но и шеќер, како и масти, кои сите заедно ја задржуваат ткивната течност а ние се чувствуваме отечено, со тешки нозе и подуен стомак.
Болестите на бубрези и некои други хронични болести како што се белодробни заболувања или артритис може да предизвикаат задржување на течности во организмот.
Некои билки како што се магдоносот, пченкарната свила и копривата, имаат магична моќ.
Земете еднакви делови од овие билки, измешајте ги, па со пет супени лажици сварете еден литар чај.
Чајот пијте го во текот на денот и редовно празнете го мочниот меур.
Доколку е потребно, чајот пијте го и следните два-три дена.
Ќе забележите видно намалување на отоците на телото, а најпрво тоа ќе го забележите на лицето и кога ќе ги облечете панталоните.