Сокот од краставица има голем број здравствени придобивки. Имено, има способност да ја намали температурата на телото, има алкализирачки својства и може ефикасно да ја отстрани урична киселина од зглобовите, според истражувањата.

Понатаму, целерот и ѓумбирот имаат моќни антивоспалителни својства и затоа оваа комбинација може значително да го намали воспалението.

Потребни состојки:

½  лимон

1 мало парче ѓумбир (2-3 см)

1 средна краставица

2 целер-стебленца

Постапка:

Прво, измијте ги и исчистете го состојките. Исечете го целерот и краставицата на поситни парчиња. Лимонот пресечете го на половина: едната половина ставете ја во фрижидер. Изрендајте го ѓумбирот.

Измешајте ги сите состојки во блендер. Сокот се консумира 1-2 пати на ден, до подобрување на состојбата.