Со овие колачиња се слабее: здрави колачи за 5 минути, неколку состојки и на маса се. Ги правам многу често бидејќи дома на сите им се допаѓаат. Првпат кога го најдов рецептот на Интернет веднаш станав да ги направам бидејќи изгледаа многу вкусни.




Сите состојки што ми беа потребни ги имав дома па така за неколку минути веќе беа на маса и сите се зачудија како толку брзо ги направив. А кога ги пробаа останаа без зборови и ми рекоа утре пак да им правам бидејќи денес сите ќе ги изедат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 50 г суво грозје, 100 г овесни снегулки, 100 г овесни трици (мелени), 1 лажичка цимет, прстофат сол, 1 лажичка прашок за печиво, 2 банани, 1 лажичка масло, 90 г посно чоколадо (црно, без шеќери).




ПОСТАПКА: Сувото грозје прелијте го со вода и оставете го така да отстои 10-тина минути. Во меѓувреме во еден сад ставете ги овесните снегулки и трици, додајте го циметот, прстофат сол и прашокот за печиво.




Промешајте ги сувите состојки. Потоа во блендер ставете ги бананите исечкани на помали парчиња и изблендирајте ги. Пастата од банани додајте ја во сувите состојки и соединете со лажица. Грозјето процедете го од водата и додајте го во смесата.




На крајот се додава 1 лажичка масло и сите состојки се соединуваат во еднолична смеса. Земете еден плех и во него ставете хартија за печење. Префрлете ја смесата и со голема дрвена лажица распоредете ја подеднакво насекаде во дебелина од 1 см.




Убаво обликувајте по страните да бидат израмнети за колачињата да ви излезат рамни. Ставете на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути. По печењето оставете малку да се оладат.




Во меѓувреме растопете го чоколадото на пареа и додајте 1 лажичка масло. Кога колачињата малку ќе се подоладат ставајте ги цели во чоколадото, а потоа редете ги на решетка за добро да се исцедат.




Ако немате кујнска решетка можете да ги ставате врз некој подлабок сад на кој сте ставиле стапчиња за ражничи како јас што направив. Нема повкусни, веднаш се послужуваат штом се стегне малку чоколадото.




Многу потсетуваат на здравите барчиња кои што се купуваат од продавница, а се многу вкусни. Еве сега имате рецепт за да си ги направите дома кога ќе посакате.




Јас нареден пат сакам да пробам со некое друго суво овошје, па ако се вкусни ќе го споделам повторно рецептот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.