Најбараните и попyларни рецепти се оние за брзи, лесни и едноставни колачи без печење кои можат да се послужат за родендени, слави или разни други свечени пригоди. Чоколадните колачи направени од мелени бисквити се едни од најомилените.




Овој колач е најдобар кога се приготвува со мелена плазма, бидејќи не мора дополнително да трошите време во мелење на кексите. Додајте малку омекнат путер од кикирики, промешајте и ќе добиете смеса која е готова за помалку од 5 минути.




Потоа ви преостанува само уште да ги формирате колачите и да ги потопите во растопено чоколадо, а потоа да ги оладите 5 минути во фрижидер. Ова е одличен колач кој можете да го послужите на слава или некоја друга пригода кога треба да приготвите нешто брзо и лесно. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г кекси, 300 г путер од кикирики, 200 г чоколадо. ПОСТАПКА: Доколку не сте набавиле готова мелена плазма, тогаш кексите по ваш избор иситнете ги во блендер или мелница.




Во мелената плазма додајте го путерот од кикирики. Добро промешајте додека двете состојки да се изедначат и да добиете смеса која лесно се формира со прсти. Кинете мали парчиња од тестото и со помош на дланките формирајте мали валјаци (или форми по ваш избор).




Наредете ги на некоја мазна површина, а потоа покријте ги со проѕирна-стреч фолија и оставете ги во замрзнувач на брзо ладење, околу пет минути. За тоа време, чоколадото искршете го на коцки и растопете го на пареа или во микробранова печка.




По изминатото време извадете ги колачите, едно по едно потопувајте ги во растопеното чоколадо и редете ги на решетка за да се исцедат од вишокот. Ставете ги во фрижидер за да се стегне чоколадото.




Вишокот чоколадо што ќе остане ставете го во една кесичка за замрзнување, отсечете го едниот агол, па прошарајте ги колачите за да бидат уште подекоративни. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.