Рецепт на Нада Јовановска од групата НМД рецепти. Многу брза подготовка за овој едноставен, а многу вкусен колач кој може да го приготвувате за секој ден и да се сладите покрај чаша чај или кафе, но може да го приготвувате и за разни пригоди како родендени, слави и слично.

Руски капи: Јелена Миљојковиќ




За оригиналниот рецепт потребно е да изматите тесто за пандишпан кој потоа се сече на тркалца со чаша, па се филува, вала во кокос и полива со чоколадна глазура. Со овој рецепт за брзи руски капи, времетраењето на подготовката трае многу пократко бидејќи се користат готови, купечки јафа кекси или ресани.




Според рецептот на нашата драга членка Нада Јовановска потребно е едноставно да сварите пудинзи од ванила кои потоа се матат со путер за да се добие убав и цврст крем, а потоа се лепат по две кекси. Според рецептот на Јелена Миљојковиќ може да сварите и бел крем од брашно и млеко. И двата рецепти прочитајте ги подолу:

Руски капи: Јелена Миљојковиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 1 големо пакување ресани, 4 кесички пудинг од ванила, 1 литар млеко, 9 лажици шеќер (или по вкус), 250 г маргарин или несолен путер, 200 г шеќер во прав и кокосово брашно за валање на колачите.

Руски капи: Нада Јовановска




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 2): 4 пакувања јафа кекси, 500 мл млеко, 6 лажици шеќер (или по вкус), 6 лажици брашно, 1 кесичка ванилин шеќер, 100-150 г маргарин или несолен путер, неколку лажици шеќер во прав (по желба) и околу 100 г кокосово брашно за валање на колачите.




ПОСТАПКА (рецепт 1): Од еден литар млеко одземете околу 200 мл во посебен сад, а остатокот заедно со шеќерот ставете го во тенџере да се загрева на умерен оган. Во млекото разматете четири пудинзи со вкус на ванила, па постепено додајте го во зовриеното млеко со непрекинато мешање.

Руски капи: Нада Јовановска




Варете го пудингот додека убаво да се згусне, а потоа тргнете го настрана да се олади со повремено промешување за да не фати коричка (или покријте го со проѕирна фолија/кеса. Во посебен сад изматете го маргаринот (омекнат на собна темпартура) со шеќерот во прав.




Во изматениот маргарин започнете да го додавате оладениот пудинг, лажица по лажица додека целосно да се соединат во нежен крем (маргаринот и пудингот мора да бидат на иста температура). Потоа лепете две по две ресани со 2 см фил и валајте, а колачите валајте ги во кокос.




ПОСТАПКА (рецепт 2): 300 мл млеко ставете во тенџере на умерен оган да се загрева заедно со шеќерот. Во 200 мл млеко додајте брашно, па изматете со жица-маталка за да нема грутчиња. Додајте во зовриеното млеко и сварете го кремот со непрекинато мешање.

Руски капи: Јелена Миљојковиќ




Руски капи: Јелена Миљојковиќ

Тргнете настрана додека да се олади до собна температура, а потоа постапката продолжува како и во првиот рецепт: се мати пенасто маргаринот/путерот со неколку лажици шеќер во прав по желба, па се соединува со кремот. Се лепат по две кекси и се валаат во кокос.

Руски капи: Јелена Миљојковиќ