Доколку често патите од надуен стомак, гасови и подригнување, можеби е најдобро да проверите дали имате доволно ензими задолжени за варење на храната.
Ова е природен сок кој може да биде решението на вашиот проблем.
Потребни состојки:
Половина свеж ананас
Половина главица морач или две стебленца (македонски анасон)
2 стебленца целер со листови
2-3 см корен од свеж ѓумбир
Постапка:
Сите состојки измиксајте ги во блендер. Додадете малку вода по потреба за да биде течен сокот.
Пијте го на празен стомак додека да исчезнат тегобите. Доколку имате силен соковник, можете да го исцедете сокот и да го пиете секојдневно додека да ви се обнови цревната микрофлора.
Ананасот содржи ензими кои го помагаат варењето. Целерот го спречува задржувањето на водата и го превенира подригнувањето. Морачот ги спречува желудечните тегоби и гасовите а ѓумбирот помага за обнова на цревната флора. Сите заедно се одлична комбинација која може да ве спаси од подуеноста на стомакот.